Тридневната ориз-диета е одличен избор кога е потребно за многу краток период да ослабете неколку вишок килограми и да го детоксифицирате телото. Оваа ориз-диета исто така се нарекува „Пост на ориз“.

Интегралниот (кафеав) ориз е древна пракса и датира со илјадници години наназад. Иако е лесен облик на пост, тој има свои единствени предности и погодности. Оризот не предизвикува екстремни симптоми како некои други режими со гладувања.

Оризот делува многу смирувачки и нежно ги елиминира токсините од крвта што овозможува да го одбегнете непријатното чувство кое честопати е присутно во текот на сите пости.

Стандардниот пост со ориз трае 3 дена. Ако чувствувате дека тоа е премногу за вас, обидете се со само еден ден, па после една седмица повторете и постепено зголемувајте го времетраењето.

ПЛАНОТ е едноставен.

Во текот на три дена јадете само интегрален ориз. За тоа ви е потребно една шолја (250 мл) кафеав ориз, по можност без масло и треба да биде добро сварен. Обидете се оваа количина да ја поделите на 4-5 оброци во текот на денот.

Може да додадете многу малку сол, еден прстофат, или пак, црвен пипер. Исто така, може да додадете многу малку кокосово масло или путер. Овие масти треба да помогнат во елиминација на токсините кои се растворливи во масти, а се користат и за обнова и регенерација на ткивата.

Само бидете внимателни и мастите користете ги умерено, да не го преоптеретите својот ориз со нив. И како и обично: не заборавајте во текот на ориз-диетата секојдневно да испиете најмалку 8 чаши вода.

После три дена полека вратете се на својата редовна исхрана. Постепено воведувајте нови намирници, што му овозможува на телото да се прилагоди. Нормално е дека ќе ви бидат потребни до два дена за целосно да се вратите на нормална исхрана.

Јадете и натаму интегрален ориз, а додајте и некое јаболко и парче интегрален леб. Вториот ден додајте уште намирници. Она што е важно да запамтите е дека после тридневниот пост на ориз не смеете веднаш да се прејадувате.

Мудро одбирајте ги намирниците кои постепено ќе ги воведувате во вашата исхрана. Тридневната ориз-диета не само што брзо ќе го исчисти вашето тело и ќе го подобри варењето, туку и ќе помогне да ослабете и до 8 килограми.

Коментар на Ана Николова: 

Ова е метод кој е препорачлив за детоксикација на организмот…може да се практикува по два дена на секои четири дена следат два дена интегрален ориз (јас го оставав навечер потопен со дупло од водата значи половина литар вода а 250 ориз).

Така отстојано сабајле го варам и да, навистина делува, само се симнуваат по два кг неделно…го комбинирам со природни чаеви, бидејќи сум личност што не обожава вода…

По два месеца бидејќи бев прочистена, продолжив со друга диета и вкупен резултат минус 40 кг….имајте го на ум рецептов сите што сакате долгорочен резултат или го спремате телото за диета….да, се слабее, ама си бара дисциплина како и сè останато…