Дали сакате блескав тен без брчки? Тоа е сон на секоја жена, а еве како тоа да го постигнете на целосно природен начин. Испробајте го црниот мевлем. Во што се крие неговата тајна?

Тајната на црниот мевлем се состои во природните состојки: масло од семки од тикви и пчелин восок. Во истражувањето „Физичко-хемиски својства на маслото од семки од тиква и лекувањето на акни вулгарис“ се анализирал ефектот на ова масло врз кожата и неговата делотворност против акутни и хронични процеси на кожата.

Во истражувањето се прикажани фотографии од луѓе пред и потоа и евидентно е подобрувањето на кожата на лицето само после три третмани со маслен екстракт и тоа во 95% од случаите.

АНТИЕЈЏ ЕФЕКТ

Маслото од семки од тиква е многу богато со антиоксиданти кои го успоруваат процесот на стареење на кожата и има високо ниво на масни киселини. Овие хранливи супстанции ја штитат кожата од оштетување и ја зголемуваат нејзината еластичност.

Количеството на витамин Е во маслото од тиква е исто така доста високо, а токму тој витамин е познат како „витамин на убавината“. Ја прави кожата мека и мазна. Ако сакате да имате кожа како на бебе, ова масло ќе ви даде најдобар ефект. Може да се користи за сите типови на кожа.

Го изедначува тенот на кожата

Драгоценото масло од тиква го изедначува тенот бидејќи е богато со витамините А, Ц и Е, за кои е познато дека поттикнуваат создавање на здрави клетки на кожата.

РЕЦЕПТ ЗА МАСКА

Потребни состојки:

1 лажица масло од семки од тиква

1 полна лажица мед

2 лажици шеќер

½ шолја јогурт

Постапка:

Сите состојки што подобро измиксајте ги, а добиената маска чувајте ја на лицето 10 минути подоцна исплакнете со млака вода. На крај нанесете го вашиот крем за лице. За хидрирана, мека, сјајна, блескава кожа користете ја оваа маска барем еднаш седмично