ЦРНА РУЖА со фил од мак: прекрасен колач и не е многу комплициран!

loading...

Иако ви се чини дека колачот е комплициран, воопшто не е, а превкусен е имногу декоративен.

loading...

Потребни состојки:

600 г остро брашно
300 г шеќер
1 прашок за печиво
¼ лажичка сол
200 мл млеко
1 јајце
100 г путер

Фил од мак:

200 г мак
200 г шеќер
2 кесички шеќер со лимон (или ванилин шеќер)
150 г остро брашно
1 прашок за печиво
100 г путер
200 мл млеко

За крем:

3 пудинг од ванила
250 г шеќер
1 литар млеко
250 г путер

Постапка:

Ова е голем колач и навистина е добар!
Во голем сад ставете брашно, шеќер, прашок за печиво, сол, млеко, јајце, омекнат путер и замесете мазно тесто. Тестото оставете го да отстои 10-тина минути, па поделете го на шест еднакви делови.

На набрашнета подлога 2 дела од тестото развлечете ги во кори со димензија од 25х35 см, ставете ги врз хартија за печење и засебно печете ги на долната страна од тепсијата (30х40). Корите печете ги околу 20 минути на 180 степени или додека да добијат благозлатна боја. Печените кори оставете ги добро да изладат. Преостанатите 4 дела од тестото развлечете ги во кори со димензија од 35х20 см.

Макот сомелете го, ставете го во сад, па додадете шеќер, лимонов шеќер, брашно, прашок за печиво, растопен путер, топло млеко и со помош на миксер добро измешајте. Добиената смеса веднаш рамномерно поделете ја врз развлеченото тесто и со помош на лажица премачкувајте. Секој премачкан дел од тестото свиткајте го во ролат.

Тепсија со димензии 35х20 премачкајте ја со путер, наросете брашно па во неа редете ги роалтите еден до друг. Печете на 170 степени околу 30-35 минути или додека да добијат убава златножолта боја. Печените ролати извадете ги од калапот и оставете да изладат.

На дното од тепсија 35х20 см ставете една печена кора, а по потреба скратете ги краевите за да може кората убаво да лежи на дното. Пудинзите помешајте ги со шеќерот, 150 мл ладно млеко, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Потоа додадете го разматениот пудинг и варете уште 1-2 минути со постојано матење додека да згусне. Тргнете од оган, додадете го путерот и мешајте додека целосно да се растопи и соедини.

Половина од пудингот прелијте го врз кората во тепсијата, врз пудингот наредете ги печените ролати, прелијте со остатокот од пудингот и поклопете со преостанатата кора.

Оставете да излади и ставете во фрижидер барем на 1-2 часови. Потоа извадете од тепсијата, сечете и послужете.

loading...