Црниот дроб е орган кој најмногу пати од неисхранетост, лоши навики и негативни емоции. Поради тоа треба повремено да направите негово чистење и тоа на природен начин.

За да функционира целиот организам како што треба, наутро е важно да испиете една чаша чиста вода на празен стомак со малку лимонов сок и една лажичка маслиново масло. Тоа ќе го придвижи целиот систем за чистење на организмот од токсините.

Во овој текст ќе го прочитате методот за чистење на црниот дроб за 15 дена со природни напитоци и правилна исхрана. Позитивните резултати ќе ги почувствувате после само неколку денови.

ПОЈАДОК

Појадокот е најважниот оброк, бидејќи тој не полни со енергија и со добро расположение за цел ден. Многумина сметаат дека прескокнувањето на појадокот е голема грешка, бидејќи на тој начин доаѓа до зголемување на апетитот и прејадување за време на ручекот, а со тоа и зголемување на телесната тежина, умор и лошо расположение.

Препораката е што станете од спиење да испиете чаша вода на празен стомак, со лажица маслиново масло и сок од половина лимон. Можете да ги пиете заедно или одвоено.

Овој напиток ќе му помогне на телото да се исчисти од токсините, ќе ги разбуди внатрешните органи, а особено црниот дроб и ќе му помогне во нормално функционирање.

Пригответе си го појадокот кој ќе се состои од смути. Во вашето смути ставете ги следните состојки:

-јаболка или круши, по избор, половина зрела банана, листови од спанаќ, лажичка спирулина во прав, половина шолја суви сливи, една рака јаткасти плодови, половина чаша овесни снегулки, малку мелен ѓумбир, малку цимет, малку пивски квасец во прав, мала лажичка кокосово масло.

Изблендирајте ги овие состојки додека да добиете хомогена смеса. Нема потреба да го испиете целото смути одеднаш. Полека уживајте во овој напиток во текот на целото утро.

Оваа мешавина е многу хранлива, го регулира шеќерот во крвта, помага при намалување на анксиозноста и секако ја подобрува работата на црниот дроб.

РУЧЕК

Ручекот исто така е важен, но важно е да биде добро избалансиран и да не се прејадуваме. Ручекот треба да содржи:

Салата: зелје, зелка
Житарици: ориз, комир, тестенини или интегрален леб
Протеини: месо, риба, јајца
Здрави масти: маслиново масло, ореви, авокадо

Овие намирници мора паметно да се комбинираат, но треба да се вклучат во исхраната.

Обидете се да го исклучите десертот кој во повеќето случаи го нарушува варењето, но ако сакате со нешто да се заблажите, јадете ананас или папаја, мед или компот од домашни јаболка.

ВЕЧЕРА

Вечерата треба да биде лесна, на телото не му е потребно многу енергија во доцните часови, а црниот дроб треба да се одмори.

Ова се неколку опции за вечера:

-супа од зеленчук и малку интегрален леб
-тиквички и дресинг за салата
-похуван зеленчук, шампињони и малку несолено сирење
-ориз или пченкарни тортиљи со домат и мисиркино.

МЕЃУОБРОЦИ

Во текот на денот може да пиете чаеви кои придонесуваат за чистење на црниот дроб. Се советува да се пијат чаеви од: глуварче, чичок, артичока, лимонада со стевија.

Овие чаеви е добро да се консумираат пред спиење, бидејќи црниот дроб најдобро се чисти навечер.