Многу е вкусен, кремаст, се топи во уста. Ќе уживате со секој залак.

Потребни состојки:

1 литар млеко
40 г какао (и чоколадо во прав)
60 г брашно
50 г путер/маргарин
100 г чоколадо
2 жолчки
100 г шеќер
1 ванилин шеќер или малку екстракт од ванила
100 мл ладна вода

Постапка:

Прво се става шеќер, брашно и какао се мешаат во еден сад кој ќе го ставите на оган.
Полека додавајте млеко и мешајте за да нема грутчиња.

Потоа ставете на оган и варете додека малку да згусне, малку поретко од пудинг. Потоа веднаш се додаваат жолчките и многу брзо се меша за да не се сварат, туку да се соединат.

Потоа се додава путерот, се меша да се растопи, па се додава чоколадото и екстракт од ванила.
На крај се додава 100 мл ладна вода.

Течниот крем со кутлача се става во соодветни садови или чаши, оставете да излади и украсете по желба.
Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: