Овен и Вага

Уште од првата средба, меѓу овие два знака се раѓа силна искра. Дивата енергија и привлечност на Овенот совршено се согласуваат со суптилниот шарм и префинетост на Вагата. Врската меѓу нив претставува вистински предизвик, на кој тешко може да се одолее.

Но, проблемите веднаш почнуваат да се јавуваат бидејќи пристојното однесување и животот по правила ќе го нервираат Овенот, а Вагата очајно ќе се обидува да го цивилизира нескротливиот припадник на огнениот знак.

За да успее нивната врска, потребно е да се вклучат во заеднички проекти и активности, бидејќи само така ќе се потсетат дека нивните карактеристики се надополнуваат и дека би можеле да функционираат.

Бик и Скорпија

Станува збор за многу жешка комбинација уште од самиот почеток. Штом сензуалниот и опуштен Бик ќе се отвори пред Скорпијата и ќе ја согледа нејзината животна страст, меѓу нив двајца ќе почне да се раѓа неизмерна желба.

Доколку започнат љубовна врска, нема да можат да ги тргнат рацете еден од друг, но конфликтите се неизбежни.

На Бикот ќе му здодее да го следи темпото на Скорпијата, а Скорпијата ќе почне да мисли дека Бикот е премногу опуштен и пасивен. Работите можат да се поправат доколку нивната страст ја изнесат од домот и ја насочат кон заедничките дружби со пријателите.

Близнаци и Стрелец

Нивната привлечност не е само физичка. Овие два хороскопски знаци се привлекуваат и на интелектуално ниво. Љубопитниот Близнак и филозофски настроениот Стрелец совршено се надополнуваат и можат да поминат со часови во меѓусебни разговори и духовити провокации.

И покрај тоа, проблемите се јавуваат кога Близнаците ќе почнат да се нервираат од претерано самоуверениот став на Стрелците, додека, пак, на Стрелецот ќе почне да му пречи тоа што Близнакот обожава да прави површни муабети и да озборува.

Веќе постоечката привлечност ќе можат повторно да ја пронајдат преку излети во природа, патувања и други слични авантуристички активности.

Рак и Јарец

Откако чувствителниот Рак ќе го запознае силниот и доминантен Јарец, се создава класична романтична врска.

Сепак овој љубовен однос лесно може да ја изгуби својата магија кога Ракот ќе почне да мисли дека Јарецот го игнорира, додека, пак, на Јарецот ќе му пречи зависноста и претераната чувствителност на Ракот.

За да опстане нивната врска, тие треба да се потсетат дека не се само партнери, туку и љубовници. Со будењето на страста, оваа комбинација повторно ќе добие смисла.

Лав и Водолија

Штом кралот на сопствениот универзум ќе ја запознае необичната Водолија која не се покорува на ниту еден авторитет, неповторливата хемија е неизбежна.

Токму таа бунтовност е она што го фасцинира Лавот, додека, пак, Водолијата се воодушевува на неговата способност да ги освои сите луѓе околу него со неговата харизма.

Сепак, со текот на времето, Водолијата ќе почне да се нервира поради постојаната потреба на Лавот од внимание, а Лавот ќе почне да го нервира фактот што Водолијата се спротивставува на сите можни социјални конвенции. Врската може да опстане само доколку и двајцата се согласат на привремено повлекување од друштвото.

Девица и Риби

Врската меѓу практичната, Девица која сака сѐ во нејзиниот живот да има ред и распоред, и слободоумните Риби кои пливаат низ животот така што се бунтуваат против ужасната рутина, се чини прилично интересна и фатална.

Нивниот љубовен однос и двете страни го доживуваат како можност да го променат животот: Девицата ќе им помогне на Рибите околу организацијата, а тие ќе ѝ покажат на како да се опушти. Но, со текот на времето,

Девицата ќе почне да им замерува на Рибите поради нивната недоверливост, а тие пак, нема да можат да ја поднесат нејзината потреба да контролира и критикува. Односот би можел да опстане само ако и двете страни се подготвени на компромис и адаптација и преку чести, отворени разговори.