Кога јадете лук, неговата моќ е толку силна што дури и после 24 часа нашето тело реагира на оваа моќна храна. Тоа се забележува кога се применува во диетите за слабеење или при консумирање како природен лек приготвен за лекување на одредени болести.

Потребни состојки:

6 главици лук
сол, црн пипер, маслиново масло

Постапка:

Лукот излупете го надворешната обвивка. Потсечете 1/4 од врвовите, зачинете со сол и црн пипер, намастете со маслиново масло, наредете во огноотпорен сад, завиткајте со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 200 – 220 степени околу 30-35 минути.

Изладете и консумирајте. Секое чешне поединечно извлечете го од сопствената лушпа, па складирајте во стаклена тегла. Полијте ги печените чешниња лук со маслиново масло, чувајте во фрижидер и консумирајте по потреба. Дневно ви се доволни од 4 до 6 чениња лук.

Што се случува во вашето тело кога јадете печен лук или кромид?

1 час: Во првиот час лукот се вари во желудникот и станува храна за телото.

2- 4 часа: Помага во борба против слободните радикали и постоечките канцерогени клетки во нашето тело.

4- 6 часа: Метаболизмот на организмот започнува да ги користи придобивките од лукот и го активира процесот за отстранување на вишокот течности, како и да ги топи складираните масти во организмот.

6-7 часа: Антибактериските својства на лукот се активираат по патувањето на неговите состојки низ крвотокот.

6-10 часа: Во овој период хранливите материи веќе ја извршиле својата функција во клетките, па така, лукот заштитува од оксидација.

10-24 часа: Откако ќе се дигестира (во првиот час), лукот во вашето тело го започнува процесот на длабинско чистење, вклучувајќи ги следните процеси:

-регулација на нивото на холестерол;

-чистење на артериите и го заштитува организмот од срцеви проблеми;

-го намалува и подобрува нивото на крвниот притисок;

-ја зголемува природната заштита на организмот и го зголемува имунитетот;

-во процесот на чистење, лукот помага во отстранување на тешките метали од вашето тело;

-помага за подобрување на цврстината на коските;

-лукот помага да се отстрани уморот, поради неговата голема нутритивна содржина;

-ги подобрува атлетските способности;

-помага за одржување на долговечноста на клетките.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на: Marija Lazarovska: “5 do 10 minuti pri kraj na pechenjeto stavete i malku med, pa da vidite sto e ubavina.
Vaka prigotven nema nikakov miris i teshkotii za vasheto telo.”