Изминатите години е забележан раст на процентот на дебели деца, а со тоа и зголемен број на случаи со дијабетес тип 2 кај деца и тинејџери.

Ова од прва рака го дознала 14-годишната Пантера која започнала да забележува ненадејни промени во нејзиното здравје. Постојано чувствувала жед, страдала од главоболки и промени во расположението. Пантера исто така, имала чуден, темно обоен прстен околу вратот.

На почетокот нејзината мајка мислела дека станува збор за недоволно одржување на лична хигиена. Но прстенот и натаму останувал, по што черката ја однела на лекар каде ја дознала вистината за злокобната болест на ќерка и’.

Лекарите предупредуваат дека доколку видите ваков прстен, тоа значи дека имате пореметени нивоа на инсулин во себеси.

Ова може да значи дијабетес тип 2, доживотна состојба која влијае врз начинот на кој вашето тело го метаболира шеќерот.

Покрај вратот, оваа темна пигментација – позната како „акантоза нигриканци“ може да се појави и на подлактиците или на препоните. Покаченото ниво на инсулин во организмот, ги активира рецепторите во кожата со што се создава дополнителен пигмент/послаба пигментација.

Експерите исто така нè предупредуваат дека овој вид на дијабетес станува се понормален меѓу младата популација, за разлика од порано.

Ова може да му се случи секому, без разлика на фактот што не сте дијабетичар или немате никој во своето семејство со оваа болест.

Стресниот живот, лошата исхрана и нездравата средина овозможуваат некогашните болести кои се појавуваа само во трагови и исклучоци, денес да се сметаат за нормални заболувања.

Лесно е да се претпостави дека во иднина, доколку не се промени ништо радикално, дека ваквите и слични болести се почесто ќе се појавуваат.