Фотографија и рецепт на Тања Ѓорѓевиќ.

За појадок или вечера со кисело млеко или чаша јогурт! Може да се филува и со запржено мелено месо со кромид, со кашкавал и шунка…има голем избор и многу варијанти. Многу лесно се приготвува, а добивате исклучително вкусен оброк.

Потребни состојки: 300 г бело брашно, 1 шака интегрално брашно, 1 шака хелдино брашно, 200 мл топла вода, 1 лажица маст/путер, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 25 г свеж квасец. За премачкување: 1 лажица растопена маст

За фил: 300 г спанаќ, 150-200 г сирење, 1 јајце. Постапка: Измиениот и исцедениот спанаќ се сече ситно, па се промешува со јајце и сирење. Во млака вода се разматува квасецот со лажица шеќер и брашно, па се остава малку додека да се активира, околу 15-тина минути.

Во готовиот квасец се додава маст, сол и брашно, па постепено се замесува тесто, да биде фино меко и да не лепи на раце. По потреба додадете уште малку брашно.

Векна со сирење и спанаќ (Фото и рецепт: Тања Ѓорѓевиќ)

Вака измесеното тесто покријте го и оставете го да одмора за да се удвои. Потоа истресете го на набрашнета работна површина и развлечете правоаголна кора. Кората премачкајте ја со растопената маст, па нанесете го филот.

Векна со сирење и спанаќ (Фото и рецепт: Тања Ѓорѓевиќ)

Кората свиткајте ја во ролат и ставете ја во калап обложен со хартија за печење. Векната премачкајте ја со маст и оставете ја да кисне 20 минути. Нараснатата векна расечете ја по средина со остар нож за да се гледа филот, со тоа што се остава по еден прст од краевите.

Векна со сирење и спанаќ (Фото и рецепт: Тања Ѓорѓевиќ)

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Готовата векна извадете ја од калап и завиткајте ја со сува крпа, па преку неа со влажна крпа. На овој начин станува мека како душа. / Векна со сирење и спанаќ (Фотографија и рецепт наТања Ѓорѓевиќ)