Летниковец е луксузно уреден станбен објект за летен одмор и разонода. Тој може да се уреди и за евтини пари и да прерасне во вистинска оаза за одмор и уживање. Летниковците порано ги граделе само богатите луѓе и тоа надвор од поголемите градови, покрај речните обали или покрај море, на острови, но и на копнени области.

Денес може секој да си дозволи летниковец да си направи во сопствениот двор за евтини пари. Доколку имате простор во дворот, а немате идеја, погледнете ги фотографиите подолу. Можеби некоја ќе ве инспирира и ќе добиете идеја за тоа како да ја уредите сопствената градина.