Што чекате?

Ако некогаш сте патувале во Германија или сте ги пробале овие добро познати палачинки кај некого, сигурно сте барале рецепт или ако ништо друго, нивниот вкус ви останал долго во сеќавање. Тоа е вкус кој не се заборава! Најдобро од се’ е што можат да бидат и солени и слатки!

Многу ќе уживате во нивното интересно приготвување и неодоливиот вкус на германска палачинка. По желба можете да додадете шеќер или повеќе сол во смесата и така да добиете слатка или солена варијанта.

Потребни состојки:

¼ шолја путер

1 шолја брашно

1 шолја млеко

6 јајва, благо изматени

1/8 лажичка сол

Упатство:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Плехот намастете го со путерот , ставете го во рерна да се растопи.

Измешајте брашно, млеко, јајца и сол. Изматената смеса ставете ја во плехот со растопен путер, па печете во загреана рерна 30-40 минути додека палачинката да зарумени.

Печената палачинка можете да ја поросете со шеќер во прав или да ја послужите се преливи по желба.

Видео: