Ова се омилените тиганици за појадок. Можете да ги јадете со сирење и јогурт или во слатка варијанта со шеќер или џем. / Фотографија и рецепт на Снежана Трајковиќ.

Потребни состојки: 1 кг брашно, 1 квасец, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 100 мл млеко, малку масло околу 30 мл, 600-650 мл млака вода, *1 јајце (не мора). Масло за пржење околу 500 мл

Постапка: Сите состојки се ставаат во поголем сад за месење, постепено се додава вода и се меша со дрвена лажица додека да се добие многу меко тесто.

Мекици (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Тестото се остава околу 40 минути до еден час да кисне додека да го удвои својот волумен 2-3 пати.

Мекици (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Потоа се премесува и се остава на пократко киснење уште 2 пати. Во подлабока тава се загрева околу половина литар масло, па се кине од тестото, со прстите се растегнува и се пржат тиганиците од двете страни.

Мекици (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Јас рацете ги топам во вода, не во масло…

Мекици (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ