Внатрешно и надворешно лекување на гнојни чирови на лице, грб и тртка без штетни хемикалии

Гнојните чирови се најчестата кожна инфекција. Тие прво се појавуваат во масните жлезди на кожата и фоликулите на влакното на вашето лице, пазуви, врат, препони и задникот.

(1) Рецепт за чајна мешавина

3 лажици коприва
3 лажици лист од орев
2 лажици коњски опаш (Equisetum)
Од оваа мешавина се зема 1 лажица, се прелива со 300 мл врела вода, да отстои 10-15 минути. Се пие трипати дневно по една чаша.

(2) Рецепт со Буцумис

50 г Болиголов (Буцумис, Кукут) (Conium, Conium maculatum) се готви во 1 литар вода околу 10-15 минути. Со водата се чисти раната, двапати дневно.

Од зготвените листови се прави облога на следниот начин: листовите се гмечат и се формира сплескано топче. Од едната страна се мачка со мед и се лепи врз чирот/раната.

Се фиксира да отстои до следното плакнење на раната. Ова се повторува 6 дена. Билката е отровна и затоа треба рацете убаво да се мијат, а употребените листови да се спалат или убаво да се конзервираат при нивно фрлање.

(3) Облога од печен кромид

Испечен кромид се сече на половинки кои се ставаат врз чировите. Се фиксираат и се менуваат на секои 4-5 часа.

(4) Облога од компир

На чировите се става свежо изрендан компир, на секои 3 часа.

(5) Чај од корен од глуварче

10 г лист и корен од глуварче се прелива со чаша врела вода, да отстои 3 часа.
Се пие по 1 лажица, еднаш дневно, за прочиствање на крвта.

(6) Рецепт со локум

Се гмечи локум и се става врз чирот. Се фиксира со завој да отстои неколку часа. Се повторува додека да се излекува чирот.

(7) Рецепт со алое

Лист од алое се засекува надолжно, па се става како облога врз чирот. Го забрзува заздравувањето.

(8) Рецепт со коприва

Една супена лажица суви цветови на чаша врела вода. Се остава покриениот сад 30-40 минути, се процедува. Се пие по половина чаша 3-4 пати дневно кај гнојните чирови и егземи како средство за чистење на крвта.

(9) Рецепт со домат

СВЕЖ ДОМАТ се става на гнојни рани, а ако се посипе со шеќер – отвора и излекува гнојни чиреви.

(10) Паста од куркума

Куркумата е позната по своите антисептички својства, кои можат да ја излечат погодената област на кожата побрзо. За ова, можете да направите паста со куркума, рицинусово масло и јод, а потоа нанесете ја на местото со загноениот чир на кожата.

(11) РЕЦЕПТ СО НЕВЕН

НЕВЕНОВО МАСЛО ПРОТИВ РАНИ, ЛИШАИ, ЕКЦЕМИ, ИМПЕТИГО, ХЕМОРОИДИ, ИЗГОРЕНИЦИ, ГНОЈНИ ЧИРЕВИ И ГАБИЧНИ ЗАБОЛУВАЊА НА КОЖАТА:

Потребни состојки: невен и ладно цедено масло во однос 1:1

1.Наберете ги цветовите невен и малку од листовите, доцна претпладне.

2.Исечкајте ги ситно и ставете ги во стаклена тегла.

3.Прелијте со ладно цедено маслиново масло, затворете ја теглата и оставете на сончево и топло место да отстои 
4-5 недели. Промешувајте повремено.

4.Се процедува низ двојна газа и се чува во стаклено шише на темно и студено место.

На што треба да внимавате, како да го чуваѕе и употребувате невеновото масло:

Внимание: Невеновото масло лесно оксидира. Затоа, внимателно користете го и пред секоја употреба проверувајте дали ја сменило бојата или мирисот.

Орална употреба: по две лажици дневно пред јадење, за чувствителен желудник, чир на желудник и на дванаесетпалечно црево.

Надворешна употреба: Невенот ја стимулира регенерацијата на клетките, па се користи за сите видови рани на кожата.

Loading...