Забележавте дека вашите алишта ја губат својата боја?… Еве едноставно решение- употребете мелен црн пипер!

Дали знаете кој е најупотребуваниот зачин во целиот свет? Пиперот! Во зрна или мелен, неизоставен е во кујната на сите меридијани… така било уште многу одамна, а така е и денес.

Покрај тоа што пиперот се користи во чорбите, супите, разни динстани јадења, гулаш, солени пити, маринади, месни преработки и разни други јадења, можеме да го користиме и за сосем други цели, во домаќинството…

Имено, ако сте забележале дека вашите алишта со текот на времето и честото перење, започнува да ја губи својата оригинална боја, – употребете го црниот пипер.

Во детергентот кој обично го користите за перење на алиштата ставете една мала лажичка мелен црн пипер. Тој ќе делува како фиксатор и ќе ја сочува бојата на алиштата, а водата ќе го испере и нема воопшто да се забележува дека бил употребен, освен што гардеробата повторно ќе ви изгледа како тукушто да сте ја купиле…