Запалете лист од жалфија – во рок од 10 минути ќе се случи чудо!

Жалфијата одамна е позната на нашите простори као лековита билка. Нашите предци ја користеле за истерување на зли духови, но и за лекување на бројни болести.

Во разни краишта се нарекува со разни имиња – кадуља, калопер, бел џигер, славуља, па дури и бел пелин… дополнете и вие.

Оваа лековита билка има широк медицинска примена и влегува во составот на бројни лекови. Нејзината лековитост потекнува од испарливите етерични масла и затоа се смета дека е лековито доколку се вдишуваат нејзините испарувања.

Без разлика дали е лето или зима, дали прозорорите по цел ден се отворени или затворени, воздухот внатре во нашиот дом никогаш не може да биде како оној надвор, бидејќи е исполнет со микроорганизми и има поинаков состав.

Ако сакате да се ослободите од овие непожелни материи, прочистете го воздухот во својот дом, или како што порано велеле нашите стари – да го истерате злото – послужете се со жалфијата.

Истражувањата покажале дека кога ќе ја окадите просторијата со жалфија, се уништуваат дури 94% од бактериите во воздухот. А кога истражувачите го испитале воздухот следниот ден, тој и натаму бил чист.

КАКО ДА ГО ОКАДИТЕ ДОМОТ СО ЖАЛФИЈА

Земете суви листови жалфија, свиткајте ги во “стапче”, запалете го едниот крај и веднаш изгасете го. Потоа ќе продолжи да жари и да чади.

Се смета дека доколку вака постапите неколку денови по ред, ќе спречите главоболки, кашлица и респираторни инфекции, намалување на ризик од болести, хроничен умор и астма.

Loading...