Делува кај чиреви, улкуси и респираторни тегоби, помага во спречување на бактериски инфекции…

Проблемот со зголемен крвен притисок и шеќер во крвта денес ги мачи голем дел од светската популација.

Покрај медицинските терапии во зависност од тежината на здравствената состојба, луѓето со години користат и природни методи кои може да помогнат во стабилизирање на наведените состојби.

Ви го пренесуваме рецептот на една баба (77) од Русија, која своето ниво на шеќер и крвниот ритисок ги држи под контрола со помош на кромид, и вели дека крвната слика и многу подобра отколку на младите денес.

РЕЦЕПТ:

Секое утро варете неколку излупени главици кромид (околу 300 г) со 250 мл вода. Оставете да врие 8-10 минути.

Течноста поделете ја три делови: Се пие половина час пред појадок, ручек и вечера.

Третманот се применува 10 денови без прекин, па се прави пауза од 10 дена и по овој принцип се продолжува најдолго 6 месеци.

Овој природен лек го снабдува организмот со потребната доза железо, калциум, цинк, манган и кобалт.

Бидејќи расте под земја, кромидот изобилува со природни етерични масла, како и фитинска киселина за која е докажано дека ги уништува бактериите во белите дробови.

Водата од варен кромид благотворно делува кај чиреви, улкуси и респираторни тегоби, а помага и во спречување на бактериски инфекции.