Маслинката е многу позната медитеранска билка, со ценети плодови кои се користат на различни начини. Таа е зимзелено дрво кое може да даде од 15-40 кг маслинки, што одговара на 3-8кг масло.

Како лек се користат плодовите, кората од дрвото и листовите. Од листовите се приготвува познатиот чај кој го лекува дијабетесот.

Дали ви се допаѓа да ги грицкате маслинките како закуска, во салати и разни други јадења? Купувањето на конзервирани маслинки можеби не е најдобриот избор, бидејќи тие може да содржат разни адитиви и конзерванси. Втората опција е да си засадите маслиново дрво во вашиот двор.

Во зависност од климата во која живеете, ќе зависи дали маслинката ќе ја засадите во градина или во саксија. Садењето не е тешко и многу е слично со садењето на другите градинарски билки.

Италијанците веќе одамна одгледуваат овошни дрва во саксии кои зимно време ги заштитуваат во посебни простории, а напролет повторно ги вадат на сонце.

Едноставно следете ги соодветните чекори за успешно да развиете маслинка во саксија.

Садењето во саксија е корисно бидејќи стеблото може да се поместува на сонце или на сенка, според потребите. Можете дури и да засадите повеќе од една маслинка, доколку сакате повеќе плодови.

Како се одгледува маслинка во саксија?

Немате градина? Не очајувајте, и вие можете да имате сочна маслинка засадена во саксија. Она што ви е потребно е сончев балкон, вистинска клима и, секако, време.

Снабдете се со соодветен расад и информирајте се за видот на плодот. Дивите маслинки можат да бидат неплодни или плодовите да им горчат. Обично се препорачуваат две стебленца за зголемување на плодниот потенцијал.

Кога се сади:

Пролетта е најдоброто време за засадување на младите фиданки кои се многу чувствителни на мраз. Затоа, кога температурата ќе започне да опаѓа под 10ºC, маслинката задолжително мора да се внесе во затворен простор. Во потоплите денови секако, треба да се извади на сонце.

Одберете место кое е доста осончано со делумна сенка. Потребен ви е глинен сад со 60-тина см длабочина и иста широчина. Нема потреба од нанесување на камчиња на дното од саксијата. Истурете доволно почва да се покрие дното.

Извадете ја фиданката од неговиот оригинален сад па ставете ја во новиот. Пополнете со земја околу дрвцето и бидете сигурни дека тоа е стабилно. Притиснете добро со дланките околу него, па полејте со вода.

Исхранување на почвата и наводнување: нема некое специјално ѓубриво или компост во прав, и бара обично наводновување. Почекајте до следната пролет кога ќе се појават првите знаци за раст, па дури тогаш додадете малку ѓубриво.

Почвата одржувајте ја лесно влажна, но внимавајте да не го скапете коренот. Возрасните дрва можат да издржат суша, но се’ додека да се зацврсти фиданката, потребно е нејзино наводнување, значи соодветна светлина и влага.

Нега на дрвото: Се препорачува, во првите четири години од стебленцето да се отстрануваат сите гранки под 90 см. Некои пак препорачуваат да се појават првите цветови па дури тогаш да се направи кастрењето.

Хигиена на растенијата: внимавајте на зарази. Купете природен инсектицид. Традиционално се варосува долниот дел од стеблото, против мравки.

Пред да ги добиете првите плодови од ова лековито дрво со сребренозелени листови, можеби ќе треба да почекате 5 години.

Погледнете го видеото:

 

https://youtu.be/HAcnPh6WEPA

https://youtu.be/_ZuS_anooX8

https://youtu.be/iL3uX6XhVQI